„Тој беше страшен играч, но стравот го јадеше пред секој дуел со Дрогба“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер Вилијам Галас е еден од ретките кој може да се пофали дека играл за трите најголеми екипи од Лондон, а тоа се Челси, Арсенал и Тотнем.

Галас пред четири години реши да ја заврши кариерата, а многумина ќе го паметат тоа што остана како омразен кај навивачите на Арсенал и Челси, додека во Тотнем го сакаат затоа што реши да остане три сезони кај нив.

Поранешниот 41-годишен фудбалер за англиските медиуми се сети на времето додека играше за Арсенал, а посебно на поранешниот соиграч Филипе Сендерос за кој откри интересна приказна.

„Сендерсон пред секој натпревар мораше со некој да зборува и да се издаде. Се потеше премногу и се гледаше дека не му е добро. Посебно кога играше против одредени играчи. Се сеќавам пред натпреварот со Челси, каде што паничеше затоа што знаеше дека мора да го чува Дидие Дрогба. На теренот се губеше поради страв и многумина мислеа дека е лош играч, но тоа не беше така“, кажа Галас.