Манчестер сити се налути: Нема да понуди нов договор на голема ѕвезда!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер сити се обидува да го продолжи договорот со англискиот репрезенативец Рахим Стерлинг, но тој бараше зголемување од 100.000 фунти неделно, а тоа е премногу.

Според информациите, „Тајмс“ пишува дека Стерлинг ја заслужува платата која ја бара, но со тоа не се сложуваат „граѓаните“.

Клубот има идеја да му ја зголемува платата, но чекор по чекор, а тоа го одби неговиот агент, Стерлинг и неговиот менаџер сметаат дека тоа не го загрозува најплатениот играч Де Брајне кој има плата од 250.000 фунти.

Пеп Гвардиола сака да го задржи Стерлинг, но нема да се меша во преговорите, па остава на управата да го реши целиот проблем.