Драмата продолжува понатаму: Модриќ во јануари ќе замине од Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека не е исклучена можноста во Интер да пристигне хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Уште од Светското првенство трае драмата за можниот трансфер на Модриќ од Реал Мадрид во Интер. Трансферот не се реализираше летоска, но тоа не мора ништо да значи.

„Спорт Медијасет“ пишува дека Модриќ имал контакт со Шиме Врсаљко, Иван Перишиќ и Иван Брозовиќ, па им открил дека во јануари ќе стане нивни соиграч.

Италијанските медиуми пишуваат дека Модриќ ќе потпише сигурно за Интер, но таквите приказни не се проверени, туку се само шпекулација.