Имаме нов светски рекордер во маратон – Кипчоге!

0

Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд, откако во Берлин истрча за време од два часа, една минута и 39 секунди и со тоа испиша историја.

Неговиот сонародник Денис Кимето во 2014. година го постави претходниот рекорд за време од два часа, две минути и 57 секунди.

„Ми недостигаат зборови, но навистина сум благодарен и среќен што го урнав рекордот“, кажа Кипчоге.

Кениецот е еден од најголемите маратонци во историјата, а исто така претходно победи и на маратонот во Лондон.

Advertisements
Share.