Сари откри кога Челси ќе биде најдобар во Премиерлигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера Челси го победи Кардиф со 4-1 и така ја продолжи победничката серија.

Ниту најголемите оптимисти меѓу навивачите на Челси не очекуваа ваков старт по толку промени за време на летото, но Маурицио Сари успеае да постави свој систем и засега тој функционира одлично.

Иако Челси и Ливерпул имаат максимален број победи досега, Сари открива дека ова не е најдобрата игра на Челси и наскоро тие ќе бидат уште подобри.

„Мислам дека Ливерпул и Манчестер сити се пред нас во моментов. Ние можеме уште да напредуваме. Мојата цел е да бидеме најдобар тим во Премиерлигата, а за тоа нема да ни биде доволно само еден месец. Можеби ќе треба цела сезона, а можеби и малку повеќе“, кажа Сари.

Единствениот проблем е тоа што Роман Абрамович сака веднаш резултати, па познат е по промените на тренерите.