Мончи не мирува: Рома веќе договори големо засилување во јануари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Спортскиот директор на Рома, Мончи очигледно веќе работи на засилувањата кој овој клуб ќе проба да ги донесе во јануарскиот преоден рок.

Волчицата беше многу актуелна на пазарот ова лето, но почетокот на сезоната покажа дека на новите играчи ќе им биде потребно некое време да се адаптираат.

Сепак, Мончи порача дека преку ноќ не може ништо да се оствари, односно Рома има план за иднината со носење на млади играчи.

Според пишувањата на италјанските медиуми Рома веќе преговара со можни засилувања за јануари, а наводно главна желба им е играчот на Реал Мадрид, Лукас Васкез. Наводно, Мончи веќе стапил во контакт со челниците на кралскиот клуб и јасно им стави дознаење дека сака да го купи Лукас.

Во прилог на Рома оди тоа што овој фудбалер оваа сезона нема баш минутажа како што имаше кога беше под раководство на Зинедин Зидан, односно Жулиен Лопетеги баш не смета на неговите услуги. Во Рома тоа сакаат да го искористат и веќе неофицијално имаат договор со Реал околу продажбата на Лукас.