Тениско селфи кое го опколи светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тениската елита се собра во Чикаго, каде што утре ќе почне големо натпреварување помеѓу тенисерите од Европа и остатокот од светот.

Од 21. до 23. септември во Чикаго ќе се одржи егзибиционен Лавер куп на кој покрај останатите ќе учествуваат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Во исчекување на почетокот на овој спектакл, тенисерите се собраа на коктел на кој разговараа и одлично се забавуваа. Некои ова го искористија и за сликање, па така Федерер на својот Инстаграм профил објави селфи со Ѓоковиќ, а потоа и фотографија со сите учесници на овој спектакл.

Покрај легендарниот Швајцарец и српскиот тенисер, тимот на Европа го сочинуваат Александер Ѕверев, Григор Димитров, Дејвид Гофин и Кил Едмонд, додека во тимот на светот ќе бидат Мартин дел Потро, Кевин Андресон, Џон Иснер, Џек Сок и Ник Киргиос.