Силва призна: Манчестер сити не е фаворит за освојување на ЛШ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер сити на отворањето на Лигата на шампиони (ЛШ) беше поразена на „Етихад“ од Лион со 1-2.

Поразот на Сити ги изненади навивачите, зашто екипата на Пеп Гвардиола беше една од фаворитите за титулата во ЛШ, иако така не смета 24-годишниот Бернардо Силва.

„Не сме фаворити, иако можеби така делува. Манчестер сити сака да триумфира во сите натпреварувања, но свесни сме дека тоа не е лесно. Имаме добра екипа, меѓутоа ЛШ е место каде што мора да го покажеме својот максимум“, кажа Силва.

Да потсетиме, Манчестер сити се наоѓа во група со Лион, Хофенхајм и Шахтер.