За историја: Ѓоковиќ и Федерер вечерва заедно ќе играат во – двојки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва од 20 часот во Чикаго почнува Лејвер купот, турнир на кој најдобрите играчи ќе се пресметаат.

Честа да го отворат натпреварот ќе имаат Григор Димитров и Францес Тиафо, додека по нив на теренот ќе излезат Кајл Едмунд и Џек Сок.

Еден час пред полноќ натпревар ќе играат Давид Гофан и Диего Шварцман, а потоа на распоредот е вистинскиот спектакл. Тоа е дуелот во двојки, во кои во еден од паровите ќе играат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Ќе биде интересно да се види како тие двајца ќе се прилагодат на теренот од иста страна на мрежата и како ќе функционираат заедно.