Мурињо најде засилување, но Јунајтед мора да урне светски рекорд!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед го следи Милан Шкрињар од Интер, кој воодушеви со своите настапи минатата сезона во Серија А.

Сепак, неговото ангажирање нема да биде лесно за управата на „црвените ѓаволи“, Интер бара многу пари, а досега одбија две големи понуди за талентираниот играч.

Спортскиот директор на екипата од „Меаца“ потврди дека биле одбиени две понуди од 65 милиони евра, а Интер дефинитивно нема да прифати ниту помала од 85 милиони, колку што Ливерпул плати на почетокот на годината за Вирџил Ван Дајк.

Тоа е светскиот рекорд за дефанзивци, па најверојатно Јунајтед ќе мора да го урне доколку сака да му ја исполни желбата на Мурињо.