Има играно против многумина, но за Сколс само еден е најдобар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, во изјава за англиските медиуми реши да го открие името на најдобриот играч против кој играше во својата кариера.

Сколс имаше неверојатно богата кариера во која со Манчестер јунајтед освои многу трофеи. Поранешниот играч се сретна со многу гиганти на фудбалскиот терен, но откри дека само еден е најдобар.

Претходно, Сколс кажа дека најмногу мразел да игра против Роналдињо, зашто знаел дека барем еднаш ќе го посрамоти со своите потези.

„За Роналдињо зборував многу и речиси многу работи се знаат, едноставно не го сакав. Играв против многу неверојатни играчи, но за мене секогаш најдобар ќе биде Андрес Иниеста“, кажа Сколс.