Турски гигант сака да купи напаѓач на Челси!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турскиот гигант Бешикташ има намера да го ангажира напаѓачот на Челси, Оливие Жиру.

Жиру е корисен за Челси и добива повеќе шанса од несреќниот Алваро Мората, но тоа не ги спречува Турците да се обидат да го купат Французинот.

Жиру има договор до наредното лето, а доколку во јануари не го продолжи, тогаш би можел да разгледува и други понуди.

Овој 31-годишен напаѓач во Бешикташ го сакаат како замена за Алваро Негредо и турскиот гигант ќе се обиде да го убеди во јануари да потпише преддоговор.