Роналдо по црвениот картон се појави на тренинг и ги изненади фотографите (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус во средата на гостувањето кај Валенсија во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони победија со 0-2, но во центар на внимание беше Кристијано Роналдо кој доби директен црвен картон.

Јувентус сега чека одлука на УЕФА за суспензијата на Роналдо, но очигледно таа ќе биде само на еден натпревар. Иако Портуалецот плачеше по исклучувањата, очигледно тоа е веќе зад него.

Португалецот се појави на тренинг на „Старата дама“ и беше постојано насмеан. Дури неколкупати позираше пред фотографите.