Неверојатно: Роналдо заработува трипати повеќе годишно од цела екипа на Фросиноне


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус утре во гости играат против Фросиноне во рамки на петтото коло во италијанската Серија А.

Јувентус е голем фаворит во утрешниот дуел и сè освен победа ќе биде неуспех. Разликата помеѓу двата тима е огромна, а тоа го покажуваат финансиите.

Роналдо во Јувентус неделно добива 646.000 евра, а најплатениот играч на Фросиноне заработува 850.000 евра годишно.

Италијанските медиуми пресметаа дека Роналдо добива дури трипати повеќе пари отколку цела екипа на Фросиноне.

Годишна плата на Роналдов во Јувентус ќе биде 31 милион евра, додека Фросиноне троши околу 10-11 милиони евра на плати на сите играчи.