Модриќ прифати затворска казна од осум месеци


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ претходните месеци беше мета на истрага на шпанската полиција поради затајување на данок, а откако беше докажано дека е виновен, тој реши да се спогоди.

Шпанските медиуми пишуваат дека играчот на Реал Мадрид прифатил затворска казна од осум месеци, но таа е условна и нема да оди во затвор. Во истрагата Модриќ признал дека сокрил данок во износ од 900.000 евра. Модриќ плати 40% од целата сума, а вкупно тоа го чинело 408.000 евра.

Меѓутоа, ова не е крај за проблемите з Модриќ затоа што против него се води и друг случај за затајување на данок во Шпанија.

Судот порача дека повеќе информации ќе бидат објавени малку подоцна, а Модриќ дефинитивно нема многу среќа затоа што си има проблеми со законот и во Хрватска, откако дал лажна изјава за Здравко Мамиќ.