Фабрика за таленти: Три европски гиганти заинтересирани за бисерот на Динамо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот Дани Олмо воодушеви со своите настапи во Динамо Загреб и сега го привлече интересот на неколку европски гиганти.

Олмо од натпревар во натпревар игра одлично, а беше добар и во четвртокот против Фенербахче, па наскоро се очекува да пристигне некоја понуда на „Максимир“.

Шпански „Мундо Депортиво“ пишува дека Олмо се наоѓа на листата на желби на Ливерпул, Борусија Дортмунд и Милан.

„Логично е неговата игра да ја премине хрватската граница. Номиниран е за наградата Златно момче која се доделува на најдобриот европски млад играч“, напиша шпанскиот медиум.

Освен Олмо, Динамо има уште неколку одлични млади играчи, кои би можеле наскоро да заминат во странство.