Федерер трчаше да стигне на дуелот на Ѓоковиќ, а потоа беше и негов „тренер“ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лејвер купот донесе многу подобри односи помеѓу тенисерите, кои вообичаено се големи ривали, а тоа можевме да го видиме помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Легендите играа во двојки, а пред дуелот на Ѓоковиќ со Кевин Андресон, посебно симпатичен момент беше кога Федерер трчаше за да стигне навреме.

А, потоа во текот на натпреварот, Ѓоковиќ доби неколку совети од искусниот Швајцарец.