Перез со луда идеја – бара Реал да се приклучи на НБА-лигата!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побара од комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер да се приклучат „кралевите“ во најсилната лига во светот.

Перез имал разговори со Силвер, кој покажал подготвеност за правење на европска дивиззија од НБА-лигата, но Реал е единствен кој го сака тоа натпреварување.

Затоа претседателот на Реал побара од комесарот Реал да биде приклучен на НБА.

„НБА сака да создаде европска дивизија, но само Реал сака да се натпреварува таму. Затоа го замолив Силвер да ни даде шанса да играме во нивната Источна конференција. Сакаме да бидеме во најдобрата лига во светот, но кажа дека не можеме сами и мора да го чекаме остатокот од Европа“, кажа Перез.

Засега е тешко дека некој европски тим би можел да се спротистави на НБА-екипите.