„Новиот Левандовски“ е подобар и од вистинскиот: Полска има нов гол-машина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џенова загуби од Лацио со 4-1, но еден нивни играч беше во центар на внимание, а тоа е -Криштоф Пјатек.

Младиот полски напаѓач стигна во Џенова летово и успеа да постигне девет гола на само пет одиграни натпревари.

Четири постигна во Купот на Италија против Лече, а уште пет во италијанската Серија А, па така 23-годишниот Пјатек стана најголемо изненадување.

Пред неколку дена се појави информација дека Барселона е заинтересирана за играчот, кој Џенова го плати само 4,5 милиони евра пред неколку месеци.

Изгледа Полјаците навистина знаат да создадат добри напаѓачи, па нивниот селектор ќе биде на слатки маки затоа што може да бира помеѓу Левандовски, Милик и Пјатек.