Зидан доби нова понуда – ќе го тренира ли Меси!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе долго време се шпекулира за тоа каде Зинедин Зидан ќе ја продолжи својата тренерска кариера, а сега доби нова понуда.

Мајами ги почна преговорите со Зидан за тренерското место од 2020. година. Новиот клуб на Дејвид Бекам сака во голем стил да ја почне авантурата во МЛС-лигата, а ќе се обидат да го убедат и Лионел Меси да се пресели кај нив.

Неодамна Зидан го слушна предлогот, но далеку е март 2020. година, а него веќе го чекаат две други понуди, една од нив е во Манчестер јунајтед, а другата во Јувентус.

„Ќе се вратам по паузата, тоа е моја работа“, неодамна им кажа Зидан на новинарите.