Роналдо со бојкот на ФИФА: Модриќ ќе стане најдобар играч во светот!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо нема  вечерва да присуствува на доделување на наградата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), па според тоа се очекува најдобар играч во светот да биде Лука Модриќ.

„Никој од Јувентус нема да присуствува на церемонијата затоа што нема време. Тимот се врати доцна во Торино, а нов натпревар се игра во среда. Се заблагодаруваме на повикот, но нема да може никој да присуствува“, соопштија од Јувентус.

Инаку, во конкуренција за најдобар фудбалер во светот се Роналдо, Модриќ и Мохамед Салах.

Истите тие три фудбалери беа во конкуренција и за најдобар фудбалер во Европа, а тогаш наградата ја доби Модриќ, а на церемонијата исто така не беше Португалецот.