„Ел класико“ на трансфер-пазарот: Реал ја ангажира големата желба на Барселона!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очигледно ќе гледаме уште едно возбудливо „Ел Класико“, но овојпат истото ќе се води на трансфер-пазарот, а Реал Мадрид е сериозен во своите намери и планира да ангажира играч, кој е голема желба на Барселона.

Играчот на Ајакс, Френк Де Јонг, е голема желба на големите шпански ривали, а освен нив за неговите услуги интерес покажаа Тотнем и Манчестер јунајтед, но во моментов најголем фаворит за неговиот потпис е освојувачот на Лигата на шампиони.

Ајакс најверојатно ќе добие понуда од 80 милиони евра за младиот играч од страна на Реал Мадрид, но медиумите пишуваат дека Јунајтед испратил скаути за да ги следат неговите настапи.

Де Јонг планира да остане уште една сезона во Ајакс, каде што ќе се развие доволно за да може да почне некој поголем предизвик во својата кариера, каков што би можеле да бидат Барселона или Реал Мадрид.