Пред шест години беше најголемо промашување, а сега Модриќ е на врвот во светот (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, вчера во Лондон ја прекина доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во изборот за најдобар играч во светот.

Но, интересно беше патешествието на хрватскиот фудбалер, кој пред шест години според читателите на „Марка“ во 2012. година беше прогласен како најлошо засилување во Ла Лига.

Тогаш играше многу малку, па во просек настапуваше по 38 минути по натпревар, па ја доби „наградата“ за најлош играч со 32,2% од гласовите.

„Реал се бореше за Модриќ, играч кој се докажа во Англија и на Европското првенство, но четири месеци по доаѓањето во Мадрид, не ги оправда очекувањата и парите платени за него“, напиша тогаш „Марка“.

На хрватскиот фудбалер му требаше време да се прилагоди во тимот, а откако го направи тоа, веднаш стана еден од најважните во клубот и им помогна на „кралевите“ да освојат голем број трофеи.