Модриќ со емотивен говор го расплака – Звонимир Бобан (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера се одржа гала-цермонијата на ФИФА за доделување на наградите, а за најдобар играч во светот беше прогласен Лука Модриќ, кој беше подобар од својата конкуренција, односно Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

Модриќ по доделувањето на наградата зборуваше за своите соиграчи во Реал Мадрид и хрватската репрезентација, па испрати емотивна порака, која го расплака легендарниот Звонимир Бобан.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот идол Бобан, поранешниот капитен на Хрватска. Тие беа одлична инспирација, па ние како тим бевме убедени дека може да направиме нешто големо на Мундијалот во Русија“, кажа Модриќ.