Модриќ: Среќен сум во Реал… Италијанците: Престани да лажеш!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа се одржа гала-церемонијата на ФИФА, а Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар играч во светот.

По доделувањето на наградата, Хрватот откри како се чувствува во Реал Мадрид.

„Среќен сум во својот клуб, никогаш не сум помислил да го напуштам Мадрид“, кажа Хрватот.

Ова ги налути Италијанците, кои веднаш „удрија“ по најдобриот играч во светот и го обвинија дека лаже.

„Модриќ лаже, сакаше да се пресели во Интер и тоа поради неговата сопруга која не сакаше да живее повеќе во Шпанија и сакаше да се пресели во Милано“, напиша италијанскиот новинар Џампјеро Муџини.