Врие во Јунајтед, капитенот во вербален конфликт со Мурињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот медиум „Сан“ пренесува дека имало вербален конфликт помеѓу Пол Погба и Жозе Мурињо по натпреварот против Вулверхемптон кој се одигра на „Олд Трафорд“ и заврши без победник, 1:1.

Иако е ран период на новата сезона, веќе е јасно дека Манчестер Јунајтед ги загуби шансите за титулата заостанувајќи зад водечкиот Ливерпул цели осум поени.

Наводно Мурињо му се нафрлил на Погба затоа што по неговата грешка Жоао Мутињо го изедначи резултатот и така „откина“ два бода од контото на „Црвените ѓаволи“. Ова не е прв пат овие двајца да влезат во конфликт, а „Сан“ пренесува дека ваквото нешто ќе води до заминување на Погба од Манчестер.