Алегри добива засилување, Јувентус ангажира фудбалер за – џабе?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во последните години правеше вакви трансфери, па очигледно ќе продолжат по тој пат и ќе се обидат да ангажираат играч на Арсенал.

Минатото лето така го земаа Емре Џан, а наредната година би можело тоа да се повтори со Арон Ремзи.

Фудбалерот на Арсенал има договор до 2019. година, а иако има свои настапи кај Унај Емери, сепак најверојатно нема да му биде продолжена соработката.

Агентот на Ремзи го понуди играчот на Јувентус, кој не би го земал во јануари, иако тоа би значело мала сума на пари потрошени за трансфер.

Па, ќе чекаат да дојде наредното лето и да го ангажираат бесплатно.