Најголем шок во изборот за најдобар играч во светот го доживеа – Нејмар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа во Лондон беше одржана гала-церемонијата на ФИФА на која Лука Модриќ беше избран за најдобар играч во светот.

Во конкуренција за наградата беа Кристијано Роналдо, Модриќ и Мохамед Салах, а многумина ги изненади тоа што Лионел Меси заврши на петто место, но уште поголем шок беше пласманот на Нејмар.

Нејмар минатото лето замина од Барселона во ПСЖ за да стане најдобар играч во светот, но првата сезона не му беше најдобра. Неколку месеци беше надвор од терените поради повреда, но голем шок за сите беше тоа што Бразилецот не доби ниту еден глас во изборот за најдобар играч во светот.

Во изборот на оваа награда учествуваа селектори и капитени на репрезентациите од целиот свет и поради тоа е големо изненадување што никој не гласаше за Бразилецот.