ПСЖ не се откажува од играчот на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на ПСЖ немаат намера да се откажат од ангажман на левиот бек на Јувентус и бразилски репрезентативец, Алекс Сандро.

Актуелниот договор на Сандро со клубот од Торино истекува во 2020 година, а ова лето беше поврзуван со трансфер во ПСЖ, но и Манчестер Јунајтед.

Наводно, трансферот ќе го реализира спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике кој беше човекот кој го донесе Алекс Сандро во Европа обезбедувајќи му трансфер во тимот на Порто во 2011 година.