Реал и Манчестер Јунајтед се вклучија во трката по трансфер целта на Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот на Ајакс, Френки Де Јонг е меѓу најбараните играчи во Европа овој период, а за него веќе извесен период сериозен интерес има од таборот на Барселона.

Покрај „Каталонците“ за Де Јонг сега како што пишува „Де Телеграф“ се заинтересирале и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

21 годишниот фудбалер игра во средината на теренот, но одлично се снаоѓа и во одбранбените задачи. Од „Кралскиот клуб“ го гледаат Де Јонг како идеална замена за Лука Модриќ кој би можел да си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Настапите на талентираниот играч покрај набројаните три клуба ги следат уште и ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Тотенхем.