Клоп: Против Челси ќе брани Мињоле


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека во мечот од Карабао Купот против Челси помеѓу стативите ќе биде Симон Мињолет.

Во изминатите сезони, Ливерпул се изнамачи со голманите, а се поизгледно е дека Клоп конечно пронајде мир со Алисон на кого оваа сезона му дава повеќе шанси и партии во Премиер лигата.

Сепак, во утрешниот меч, намесо него ќе биде Мињолет.

„Мињолет е единствен за кого можам да кажам дека е сигурен за утрешниот настап. Кој и да игра, тоа ќе биде добра средба.“, изјави Клоп на прес конференцијата.

Мечот против Челси се игра утре од 20:45 на Енфилд.