Перез најави: Роналдо ќе се врати во Реал Мадрид!

0

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кажа дека Кристијано Роналдо ќе се врати во клубот по завршување на кариерата.

Во минатиот преоден рок Роналдо го напушти Реал и се приклучи на Јувентус. Иако трансферот ги разочара навивачите на „кралевите“, Перез кажа дека очеува Португалецот да се врати во Мадрид.

„Роналдо е наследникот на Ди Стефано, ќе се врати еден ден во Реал. Во тоа сум сигурен“, кажа Перез.

Во текот на престојот во Реал Мадрид, Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на клубот со дури 451 постигнат погодок.

Advertisements
Share.