Валверде: Секоја чест на Модриќ, но Меси е најдобар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека неговиот фудбалер Лионел Меси требало да ја освои наградата за најдобар играч во светот.

Во ова натпреварување по изборот на ФИФА славеше Лука Мудриќ, а Лео Меси беше на петтото место што не му се допадна на неговиот тренер од Барселона.

„Тоа е награда која се нарекува „The Best“ (Најдобар), а играчот кој е најдобар на светот не беше таму. Секоја чест за Модриќ, но Меси е најдобар на светот. Сите имаат свое мислење, имам и јас“, рече Валверде за шпанските медиуми.

Инаку, Лео Меси воопшто не присуствуваше на церемонијата во Лондон, ниту пак Роналдо, со што и двајцата на некој начин покажаа непочитување спрема победникот за 2018. година.