Како Лампард ја славеше својата најголема тренерска победа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некогашниот англиски фудбалер, Френк Лампар синоќа ја оствари својата најголема тренерска победа во својата досегашна кариера.

Тој во текот на летото прифати понуда да го превземе Дерби со кој бележи одлични резултати во Чампионшип, а круната му беше гостинската победа над Манчестер Јунајтед во 1/16 финалерот во Карабао Купот.

Френк се најде очи во очи со Мурињо, човекот кој некогаш го тренираше и со кој ги оствари најголемите успеси на Челси во клупската историја и успеа да го ндмудри, па со својот тим помина понатаму.

Лампард на неполни пет дена пред натпреварот со Јунајтед по трет пат стана татко, а триумфот на Театарот на соништата е само круна на оваа среќна приказна.

Во меѓувреме за викендот го победија Брентфорд во лигата, па може да се каже дека Френк поминува одлични денови.

Погледнете ја неговата реакција по завршување на мечот.