Од школа право на стадион: Најпрво имаше тестирање, па дебитираше за Фулам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Фулам дебитираше Харви Елиот, крилен напаѓач кој е роден 2003. година. Со своите 15 години и 174 денови Елиот стана најмладиот фудбалер некогаш откако се игра Лига купот, без разлика дали сега се нарекува Карабао куп, Карлинг итн …

Елиот влезе во 81. минута кога го замени Аита при резултат од 3:1 за Фулам, а менаџерот Славиша Јокановиќ после натпреварот откри дека овој дечко во текот на денот имал многу обврски со училиштетот и веднаш потоа дошол на стадион.

„Елиот денес имаше тестирање, а мора и порано на спиење бидејќи утре рано треба да оди во училиште. Драго ми е што дебитираше, пред него е светла иднина и многу сметаме на него во наредните години. Тој дечко е арогантен, но во позитивна смисла“., рече менаџерот на Фулам и додаде:

„Ова дете е чудо, верувајте. Дојде и ми рече, „Сакам да играм, да ти покажам дека сум навистина добар играл“. Реков „Ок, ако ми покажеш, ќе добиеш шанса“.  Очекувам многу од него“.