Барзаљи се опорави од повредата, ќе настапи против Болоња


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барзаљи во последно време имаше проблеми со повреди, но се опорави и ќе биде во конкуренција за наредниот натпревар, каде што неговиот Јувентус ќе игра против Болоња на домашен терен.

Тренерот Алегри потврди дека на овој натпревар голманот Матиа Перини ќе добие шанса за деби, но исто така познато е дека Алегри нема да може да смета на Даглас Коса кој е суспендиран, како и на Кедира и Де Шиљо кои се повредени.

Списокот на расположливи играчи е следниот: Шчесни, Перин, Пинсоглио, Бенатиоа, Алекс Сандро, Барзаљи, Бонучи, Кансело, Ругани, Пјаниќ, Квадрадо, Матуиди, Емре Чан, Бентакур, Роналдо, Дибала, Манџукиќ, Бернардески.

Мечот се игра утре со почеток од 20.00 часот.