Вардар продолжува да гази: Совладан Веспрем сред Унгарија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар продолжува со одличните партии во Лигата на шампионите забележувајќи ја третата победа по ред.

Овој пат пред нашиот претставник оружјето го положи унгарскиот вицешампион, Веспрем кој со 25:27 беше поразен на свој терен.

Избраниците на Парондо со оваа победа стигнаа до третата победа од исто толку натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Претходно беа поразени актуелниот шампион, Монпелје, како и шведскиот претставник Кристијанштад.

Нашиот тим го контролираше резултатот во првото полувреме, а во еден момент имаше предност и од пет голови. Сепак, на пауза се замина со два позитива за „црвено црните“ (11:13).

Во вториот дел домашниот тим тргна пофуриозно и успеа веднаш да направи пресврт, но до крајот на натпреварот вардарци повторно го презедоа водството и на крајот заслужено славеа победа среде Унгарија.

Најефикасни во Вардар беа Вуко Борозан и Тимур Дибиров со по пет постигнати голови, додека српскиот голман Дејан Милосављев натпреварот го заврши со 12 интервенции.