Лејкерс најдоа интересно решение за центарската позиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс во новата сезона ќе влезе со големи амбиции. Нов член на тимот стана Леброн Џејмс, па од просечен тим, сега се кандидати за плејоф.

Меѓутоа, Лејкерс ќе се обидат да играат со ниски играчи, па на центарската позиција ќе го користат Кајл Кузма.

Лејкерс имаат проблеми на некои позиции, а посебно на центарската, каде што немаат вистинско решение.

„Уште учам. Никогаш не сум играл како центар, но верувам дека тоа ќе биде добро за нас и дека ќе имаме ниски играчи кои ќе може да играат брзо“, кажа Кузма.

Овој 23-годишен кошаркар влегува во својата втора НБА-сезона, а во првата одигра 77 натпревари и имаше просек од 16,1 поен и 6,3 скокови по натпревар.