Огромно засилување: Задар потпиша со поранешен НБА-шампион! (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што беше претходно најавувано, нов играч на Задар е американскиот крилен центар Глен Дејвис.

Новото засилување на Задар е 32-годишниот центар, кој во кариерата има настапувано за Бостон селтикс, Орландо Меџик и Лос Анџелес клиперс.

Дејвис нема играно во НБА-лигата од 2015. година и од тогаш нема играно професионална кошарка, а минатото лето беше член на лигата „Биг 3“ во која настапуваат голем број поранешни НБА-играчи.

Задар во понеделникот потврди дека Дејвис е нов играч и дека потпишале договор до крајот на сезоната.