Гатузо: Милан е семејство, но тоа носи и голем притисок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, зборуваше за сајтот на УЕФА за екипата која ја предводи.

Во минатата сезона Гатузо дојде да го спаси Милан, кој имаше лош почеток со Винченцо Монтела, но најновата сезона не почна најдобро за „росонерите“.

„Поминав многу години како играч и сега ова ми е втора како тренер. Ова е исто како да си во семејство, каде што сите се Миланези и јас сум навивач на Милан. Ми беше сон да дојдам тука, како што ми беше сон да работам како тренер. Се чувствува многу притисок и не е лесно. Имам голема одговорност кон клубот“, кажа Гатузо.

Милан во четврток го пречекува Олимпијакос од 18.55 часот во второто коло во Лигата на Европа.