Баерн доби големо засилување – потпиша со поранешна НБА-ѕвезда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен доби големо засилување за новата сезона.

Нов играч на Баварците стана американскиот кошаркар Дерик Вилијамс, поранешниот втор пик на НБА-драфтот.

Вилијамс две недели престојува во Минхен, каде што ги помина лекарските прегледи и сега потпиша договор.

Вилијамс беше еден од најталентираните играчи во 2011. година, но никогаш не го покажа својот потенцијал.

„Сакав да играм во Евролигата и Баерн е голема шанса за мене. Сакам да ја освојам титулата“, кажа Вилијамс.

Одличниот кошаркар во НБА-кариерата има играно за Минесота, Сакраменто, Њујорк, Мајами, Кливленд и Лејкерс.