Криза во Баерн, а Салихамиџиќ и Ковач се опуштаат со пиво!? (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен се соочува со лош почеток на сезоната и резултатска криза, па навивачите не се задоволни.

Баварците загубија во минатото коло со 0-3 од Борусија Менхенгладбах на „Алијац“, а многумина сакаат смена на тренерот Нико Ковач.

Тоа најверојатно нема да се случи, иако Ковач не знае за победа во последните четири натпревари.

По лошите настапи се огласи и спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

„Мораме да го најдеме својот пат, а тоа можеме само ако работиме заедно“, кажа Салихамиџиќ.

Тие двајца се појавија на „Октоберфест“, а подоцна хрватскиот тренер имаше разговори и со Карл-Хајнц Румениге.