Познат наследникот на Ѓоре Јовановски во Работнички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Работничи и официјално го назначија Жикица Тасевски како нов предводник на клубот.

Тасевски доаѓа на местото на Ѓоре Јовановски кој вчера беше отпуштен од редовите на клубот од Дебар Маало.

Инаку и Тасевски до пред некој период беше активен тренер водејќи го кратовски Силекс, но по слабите резултати на почетокот на сезоната си поднесе неотповиклива оставка.

„Постигнавме договор со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и веќе докажен стратег, кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига, а исто така и интернационално искуство. Доаѓа во стара, добро позната средина и очекуваме дека ќе успее да го воздигне тимот на едно повисоко ниво. Очекуваме оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и Работнички да се врати на позициите кои му припаѓаат“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.