Дејвис нов тренер на Манасков во Веспрем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот помошник на Раул Гонзалез на клупата на Веспрем, Давид Дејвис Камара е нов предводник на унгарскиот гигант, Веспрем.

Дејвис во трката за клупата на Веспрем успеа да го „победи“ Веселин Вујовиќ кој во моментов има ангажман во Железничар.

Миленикот на скопската публика со Веспрем потпиша договор на една година со можност истиот да се продолжи на уште една дополнителна година. Дејвис освен во Вардар, краток период беше помошник тренер во репрезентацијата на Русија, а кратко ја водеше и репрезентацијата на Египет.