На УФЦ му пропадна голема борба, но подготвија жестоко враќање за Мекгрегор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УФЦ 230 во Њујорк ќе донесе борба за шампион во тешка категорија помеѓу Даниел Кормиер и Дерик Луис, но таму нема да бидат Нејт Дијаз и Дастин Пориер.

Пориер се повреди и нема да може да учествува на борбата на трети ноември, па УФЦ беше приморан од листата на борби да го тргне дуелот против Дијаз.

Тоа отвора можност за борба на Дијаз против Конор Мекгрегор, а борбата би требало да се одржи на крајот на годината или почетокот на 2019. година.

Не е познато дали Мекгрегор ќе ја прифати оваа борба по поразот од Хабиб Нурмагомедов, бидејќи веднаш побара реванш.