„Морав да побегнам од Меси и Суарез, немав друго решение!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер има неверојатен старт на сезоната во новиот клуб Борусија Дортмунд.

Пако за Дортмунд постигна шест гола, а вкупно има одиграно 81 минута.

Одличниот напаѓач се препороди во Борусија, каде што стигна на позајмица од Барселона.

„Во текот на летото донесов одлука да заминам во некој друг клуб, каде што ќе играм. Немав друго решение, морав да побегнам од Меси, Суарез и Кутињо“, кажа Пако.

Освен шест голови во Бундеслигата, Алкасер постигна и еден погодок во Лигата на шампиони.