Жардим „дебело“ ќе го наплати отказот од Монако!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французите открија колку пари ќе заработи Леонардо Жардим, откако му беше даден отказ од Монако.

Монако катастрофално ја почна новата сезона и во моментов е на 18. место во француската Лига 1, а цената ја плати тренерот.

Жардин ги напушти „Кнезовите“, но поради раскин на договорот Португалецот ќе добие неверојатни седум милиони евра.

Станува збор за човек, кој во време на својот мандат во Монако, донесе приход од 750 милиони евра.

Да потсетиме, Монако „произведе“ играчо како Хамес Родригез, Ентони Марсијал, Килијан Мбапе…

Сега се шпекулира дека на тренерското место во Монако би можел да седне легендарниот Тјери Анри.