Скандал на повидок: Французите пренесуваат дека натпреварот ПСЖ- Црвена Звезда е наместен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најугледниот француски спортски медиум „Л’Екип“ пренесува сторија која би можела да го потресе европскиот фудбал.

Имено, од УЕФА покренале истрага околу наводно местење на натпреварот ПСЖ- Црвена Звезда.

Според медиумот постојат сериозни сомненија дека натпреварот е наместен и дека УЕФА за тоа ги предупредувала француските власти и пред почетокот на натпреварот. Како што се наведува, гласините почнале да се шират од доушник кој се и дојавил и на УЕФа, а во Нион за целиот случај до денес знаеле само Чеферин и неговите блиски соработници.

Наводно висок функционер на Црвена Звезда уплатил неверојатни пет милиони евра за висок пораз на „Паркот на принцовите“ од пет голови разлика. Белградскиот тим изгуби токму со пет гола разлика, 6:1.

Доколку сето ова е вистина УЕФА ќе ја стресе голем скандал, а на Црвена Звезда нема да и избега „дебела“ казна од многу години забрана играње во европските натпреварувања.