Пандев: Освоив многу титули во кариерата, но Македонија е нешто посебно, сакам пласман на Европско


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев на прес конференцијата пред натпреварот со Лихтенштајн потенцираше дека посакува триумф со аутсајдерот, но и посочи дека сонува за пласман на Европско првенство со Македонија.

„На Лихтенштајн ќе славиме 25 години јубилеј од првата средба. Се надевам дека ќе прославиме со победа. Никогаш сме немале подобра атмосфера и желни сме за победа. Со нетрпение го очекуваме овој меч. Се надевам дека публиката ќе дојде во поголем број од дуелот со Ерменија и дека преку овие квалификации ќе успееме да се избориме за едно Европско првенство, кое ќе донесе радост, не само за нас, туку и за целата држава. Играв во големи клубови, освоив многу титули, но Македонија ми е нешто посебно. Сакам да играм на Европско првенство преку оваа Лига на нации“, изјави Пандев.

Натпреварот со Лихтенштај на програмата е утре со почеток во 20:45 часот, а ќе се игра на националната арена „Филип Втори“.