„Во моментов сме во преговори со Икарди, па се очекува договор во наредните денови“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди, игра фантастично сезонава, па поради тоа неколку европски гиганти покажаа интерес.

Како најзаинтересиран тим за неговите услуги се појавува Реал Мадрид, кој планира да потроши големо богатство.

Сепак, Интер е свесен за тоа и сака да му ја продолжи соработката на уште неколку години.

„Од наша страна постои желба да му ги подобриме условите, па наскоро ќе го продолжиме договорот“, соопшти управата на „нераѕурите“.

Икарди во моментов има договор до 2021. година, а се очекува новиот да му биде продолжен до 2023. година.